Centar.mk
БИЗНИС

Муцунски: Финализираме договор со САД што ќе ги отстрани преостанатите трговски бариери

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево преку социјалните мрежи ја поздрави одлуката на САД за намалување на тарифите за македонски производи – од 33% на 15%.

Како што истакна во објавата, овој чекор претставува важен поттик за продлабочување на економската соработка меѓу двете земји и јасен сигнал за градење на поамбициозно трговско партнерство.

Министерот Муцунски исто така посочи дека иако преговорите за сеопфатен договор за тарифна либерализација сè уште се во тек, оваа одлука е конкретен доказ за заедничката посветеност на отворање нови можности за нашите извозници, компании и економијата во целина.

„Остануваме целосно посветени на финализирање на договор што ќе ги отстрани преостанатите трговски бариери и ќе создаде долгорочни придобивки за двете економии. Убеден сум дека со ова се поставуваат темелите за ново поглавје во македонско-американските економски односи“, вели Муцунски./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Нови цени на горивата

ДЕСК

Николоски: Имаме најевтино гориво во регинот, мерките на Владата даваат конкретни резултати

ДЕСК

Црна Гора e традиционално важен стратешки пазар за „Алкалоид“

ДЕСК