23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Пример за градоначалник: Петре Шилегов го слави педесетиот роденден, а еве што направи со подароците кои ги доби

– Ви благодарам на сите за роденденските честитки. Моите желби се исти како и вашите, да бидеме среќни, да се радуваме на животот и заедно да ги славиме убавите моменти, објави градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов по повод педесетиот роденден.

– Но, една од најголемите желби за радост ми се искрените детски насмевки, а сите знаеме колку децата се радуваат на родендените и тортите. Затоа, овие роденденски торти коишто денес ги добив, ги праќам за децата од “СОС Детско село“, „Дневниот Центар за деца на улица“ и „Дневенот центар за лица со Даунов синдром“, Институтот за белодробни заболувања во Козле, Детската клиника и Клиниката за Онкологија и искрено посакувам и се надевам дека нивните желби, ќе бидат наша реалност. Да им посакаме да бидат здрави, среќни и радосни.

Исто така, ја користам оваа прилика на благодарност, да повикам да помогнеме и донираме средства за:
– Здружението “Трисомија 21” за помош и поддршка на лицата со даунов синдром на сметка – 380177189101121 и на здружението за заштита на правата на детето со сметка – 300000001103896

Да се сакаме, да се грижиме и чуваме сите заедно!

Благодарам на сите, порача Шилегов.