По измените со летот, ракометарите на Вардар кои цела Македонија ја направија горда со освоениот трофеј синоќа, ќе пристигнат во 18 часот и 50 минути во Скопје.
Како што најави градоначалникот Петре Шилегов на Плоштадот Македонија ќе се организира дочек на ракометарите за што се одвоени 2 милиони денари, а ракометарите од Градот ќе бидат наградени со 6 милиони денари.
Инаку, Вардар стана европски шампион по втор пат, натпреварот беше драматичен и полн возбуда, а по него вистинска среќа и еуфорија.
Во финалето, црвено-црните го совладаа Веспрем со 27-24.