Centar.mk
БИЗНИСИЗБОР

По 30.000 денари за секое семејство – Ќе се враќа ДДВ-то назад кон граѓаните

Владата од 1ви јули се очекува да ја активира новата мерка со која 15 проценти од платениот ДДВ, ќе го враќа на граѓаните.

Еден од начините како да се вратат парите кон граѓаните е преку враќање на 15 % од платениот ДДВ од нивните потрошувачки сметки.

За секој купен производ или искористена услуга за коишто државата наплаќа ДДВ преку фискалните сметки, 15% од вкупниот платениот износ за ДДВ ќе се враќаат на сметка на граѓаните.

Па така според пресметките би дошла една одлична сума од околу 30-тина илјади денари просечно за секое семејство во Македонија.

Со плата плус дома, луѓето ќе можат да испланираат годишен одмор, или детска соба за своето дете, или ќе покријат некоја кредитна картичка или дел од заостанат долг.

Дека за Владата битно е значењето и почитувањето на паролата “Зборот е збор”, доказ се евтина тарифа на струјата, укината радио-дифузна такса, помалите казни, опомените пред казни, отписот на долгови, укинатите извршителски трошоци, зголемената социјална помош за 300%.

Можеби ќе ве интересира

Цените на нафтата скокнаа над 120 долари: „Брент“ на највисоко ниво од 2022 година

C +

Независна научна студија за влијанието на ЕВН Македонија врз социо-економскиот и енергетски развој во изминатите 20 години  

C +

Силниот раст на продажбата позитивно влијаеше врз профитабилноста 

C +