23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Познат идентитетот на загинатиот во тешката сообраќајка близу Охрид

Едно лице загина во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Охрид-Кичево, при судир на две патнички возила кај село Добреноец.

Според полицискиот извештај:

На 20.05.2019 година околу 13.50 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, во село Добреноец, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Сузуки Марути“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ј.С.(58) од село Лавчани, кичевско и патничко возило „Фолксваген Пасат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.С.(30) од Кичево. На местото на несреќата починал возачот Ј.С. Увид извршила екипа од Полициската станица Кичево. Сообраќајот на патниот правец Кичево – Охрид (во двата правци) бил во прекин од 13.50 до 15.20 часот.