Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Кирацовски по повод 9-ти мај: Остануваме посветени на европските вредности и се обврзуваме нашата држава да стане дел од европското семејство

– Денес се одбележува Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот.

На денешен ден заврши Вторта светска војна, најкрвавиот судир во историјата на човештвото во кој загинале околу 55 милиони лица.

Исто така, овој ден е значаен за Европа бидејќи означува пресвртница во односите меѓу европските држави и почеток на создавањето на Европската унија.

Остануваме посветени на европските вредности и се обврзуваме нашата држава да стане дел од европското семејство.

Честит 9 Мај!, се вели во пораката упатена од генералниот секретар на СДСМ и пратеник, Александар Кирацовски.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме?

ДЕСК

Филипче: Нападот врз Инфомакас е почетокот, ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја скрие вистината за мигрантите

C +

ВМРО-ДПМНЕ со осуда за синоќешниот упад во студиото на „Инфомакс“

C +
error: Соддржината е заштитена.