Centar.mk
СВЕТ

Австрија гласа за забрана на хиџаби и бурки за девојчиња во основно училиште

Очекувано е австриските пратеници да ја одобрат забраната за носење хиџаби и бурки за девојчиња под 14 години, што групите за човекови права го сметаат за дискриминаторно и потенцијално штетно за општествената кохезија.

Владата тврди дека мерката има цел да ги „заштити девојчињата од угнетување“. Претходната забрана од 2019 година беше укината од Уставниот суд како неуставна, но власта сега е уверена дека новиот предлог е во согласност со Уставот.

Законот стапи целосно во сила во септември, а во февруари ќе започне преодна фаза без казни. Потоа, родителите кои не се придржуваат може да бидат казнети со 150 до 800 евра.

Владата проценува дека околу 12.000 девојчиња ќе бидат опфатени со законот, врз основа на податоци од 2019 година./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

40 патници го напуштиле крузерот по првата смрт од хантавирус: властите трагаат по нив

C +

69 дена без интернет: Иранците отсечени од светот

C +

ЕУ воведува дигитални возачки и заеднички забрани: Ако ви ја одземат дозволата во една земја, нема да возите никаде во Унијата

C +