7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Костадинов објави: 19 нови странски инвестици влегоа во Македонија, ова се имињата

Напредокот во интеграциите, успешните економски политики резултираа со раст на економијата, раст на платите и на инвестициите, рече на денешната прес конференција Костадин Костадинов портпарол на владејачката СДСМ.

 

Во 2018 година забележан е рекорден износ на странски директни инвестиции од 625 милиони евра. Отворени се над 26.000 нови работни места, а стапката на невработеност падна на историски најнизок процент, 19,4.

Инвестициите носат повеќе пари кај граѓаните, нови и подобро платени работни места.

19 нови странски инвестиции започнаа со работа, дел се во градба, дел започнуваат со градба или се во втора фаза на инвестирање.

Меѓу нив се и компаниите:

Чагатај Кабло од Турција во ТИРЗ Скопје 1 автомобилска индустрија за електрични инсталации со 100-тина вработени во моментов.

ВИК од Германија во ТИРЗ Прилеп за производство на апарати за домаќинство со 200 вработени во моментот, а таргетот до 1000 вработувања

Теламон од САД во Скопје Инџиково браунфилд објект, производство на електрични кабли за автомобилска индустрија со 70 моментални вработувања и краен таргет до 830 вработувања.

Кранфилд Фаундри од Русија инвестиција во Пробиштип, модерна леарница за автомобилска индустрија со моментално 40 вработени, а таргет од 280 вработувања

Баумер Швајцарија во ТИРЗ Скопје 1 за производство на сензори, декодери и други електронски компоненти со околу 200 работни места

Мурат Тичарет од Турција во ТИРЗ Скопје 2 автомобилска индустрија, производство на електрични инсталации и кабли евра со моментални 300 вработени

Дура САД во ТИРЗ Скопје 2 автомобилска индустрија за надворешни трим делови, до 500 вработувања

Кеслер Германија во ТИРЗ Скопје 1 за производи на електромотори, моментални вработувања 150.

Државата, економијата, мора да продолжат да се движат напред, не смее да се враќаме назад во неизвесност и изолација

На овие избори, гласот за Стево Пендаровски е глас за раст на странските инвестиции, раст на платите.

Гласот за Гордана Сиљановска е глас за да запрат инвестициите, за парите да не завршуваат кај граѓаните туку кај фамилијата од ВМРО-ДПМНЕ водена од Будимпешта.

Затоа, во недела да гласаме масовно за број три за Стево Пендаровски, продолжуваме заедно напред, вели Костадин Костадинов.

Можеби ќе ве интересира

НОВ ТЕМПЕРАТУРЕН ШОК ВО НАЈАВА – Синоптичарите излегоа со прогноза за следните 4 дена, чувајте се!

ДЕСК

Откако било пријавено дека на улица во Скопје има вооружени лица со автомати, отишла полиција која била нападната – Детали за ужасниот инцидент во кој се уапсени три лица

ДЕСК

МЕТЕОРОЛОЗИТЕ НАЈАВУВААТ НОВ ТОПЛОТЕН БРАН: “Здравство” излезе со вонредно соопштение за зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

ДЕСК