23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТОП ВЕСТИ

Работите тргнаа на подобро: Македонка од Кувајт се враќа во Македонија, за да работи како анестезиолог на детската кардиохирургија „Жан Митрев“

Македонка која заминала на работа во Кувајт, ќе се врати во Македонија од следниот месец и ќе работи како анестизилог на детската кардиохирургија на Клиниката “Жан Митрев”, информираше доктор Митрев.

Преговорите ги водел лично тој откако детската кардиохирургија почна да функционира како јавно-приватно партнерство.

„Досега приватното и јавното здравство се делеа како конкуренција и, да не кажам, како непријатели. Ги здруживме квалитетот и стручноста за децата да добијат врвна медицинска нега. Се создадоа услови да станеме интересни за многу пациенти од целиот регион и наши доктори да се вратат во Македонија. Од следниот месец тука ќе работи докторка анестезиолог, која сега работи во Кувајт. Во преговори сме и со наши доктори во Германија, кои сакаат да се вратат“, рече доктор Жан Митрев.

Според познавачите ова значи дека бизнис климата во земјава се подобрува. Стабилизацијата која ја донесе членството во НАТО, деблокирањето на евро-атлантските процеси, но и сериозноста и посветеноста на Владата се клучни причини за подобрувањето на бизнис климата во земјава, кое допрва ќе биде уште повидливо.zname