Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Починал на лице место – Безбедносните камери ќе ја покажат вистината за трагедијата во Скопје

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со увидни екипи на Министерството за внатрешни работи и претставници на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, синоќа изврши увид на булеварот „Видое Смилевски – Бато“ во скопската населба Ново Лисиче, каде во сообраќајна несреќа еден пешак го загуби животот.

Според првичните сознанија, несреќата се случила кога 57-годишниот пешак излегол на булеварот надвор од обележан пешачки премин. Притоа, на него налетало возило Шкода октавиа со германски регистарски таблички, управувано со полномошно од македонска државјанка.
Од ударот, пешакот починал на лице место.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатото лице е предадено на обдукција, а ќе се испитува и присуство на алкохол во крвта и урината на возачот на автомобилот. Од Министерството за внатрешни работи е побарано да изврши проверка на снимките од видео надзорот на околните објекти и на системот „Безбеден град“ со цел да се утврди дали камерите го регистрирале настанот.

Во насока на утврдување на фактичката состојба ќе биде издадена и наредба за сообраќајно-техничко вештачење.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕД ДА ОДИТЕ ПО ПАСОШ ИЛИ ЛИЧНА КАРТА: МВР објави што не треба да носите

ДЕСК

Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола, од кои еден малолетник, еден со активна забрана и еден без дозвола и под дејство на алкохол

ДЕСК

Македонија за три месеци изгуби мал град: Алармот за населението одамна е вклучен

ДЕСК