2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Седуммина повредени при судир на две возила на патот Гостивар-Кичево

Една жена е потешко повредена, а шестмина добиле полесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 13.15 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево, на 500 метри од мавровската крстосница.

Во несреќата учествувало „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.М. (41) од Гостивар, и „фолксваген пасат“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од Д.А. (68) од Тетово. Во незгодата тешки телесни повреди добила А.Ф., сопатничка од возилото „бмв“. По укажаната помош во Медицинскиот центар Гостивар, таа била пренесена на Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Во незгодата телесни повреди добиле уште шест лица во двете возила, кои по укажаната помош, биле пуштени на домашно лекување. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гостивар.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Илинден е симбол на жртвата која генерации пред нас ја дале за слободна Македонија – ова е ден кој нé обединува

ДЕСК

Одбележување на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката

ДЕСК

Гаши: Овој ден е симбол на историската борба за слободно, еднакво и демократско општество

C +