Centar.mk
фото Влада
СВЕТ

Орбан: Одземањето на замрзнатиот руски имот значи објава на војна

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека плановите на Европската унија за користење на замрзнатиот руски имот претставуваат „објава на војна“ и носат сериозни ризици за европската економија.

Говорејќи на антивоен собир во Мохач, Орбан предупреди дека одземањето на 200 до 300 милијарди евра руски имот ќе има последици, вклучително и загрозување на довербата во еврото и потенцијален удар врз белгиската економија, каде што средствата се депонирани.

„Ќе се борам во Брисел, тие ја заобиколуваат Унгарија и посегнуваат по руски средства, тоа е објава на војна. Никогаш не сум видел дека земањето 200-300 милијарди евра средства нема никакви последици“, рече Орбан.

Тој ја обвини Европската унија дека ја водат тројца Германци кои, според него, ја туркаат Унијата во „слепа улица“.

Орбан повторно го истакна својот став дека војната во Украина ќе ја платат не само сегашните генерации, туку и идните, преку задолжување и економски притисоци, додавајќи дека Унгарија ќе се спротивстави на таквите политики во Брисел./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Taткото и синот кои го извршиja масакрот во Австралија на семејството му рекле дека одат на риболов, се истражуваат врските со Исламска држава

C +

Аналитичар: Ако ЕУ навистина сака да се прошири, тоа мора да се одрази во новиот буџет

C +

Австралискиот премиер предложи построги закони за оружје по убиството на 15 лица на плажата Бонди

C +
error: Соддржината е заштитена.