Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Со приемот на мигрантите Мицкоски сака да не претвори во црна точка на Балканот

Ако Владата и ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека нема има никаков прием на мигранти, тогаш имаат две опции да го докажат тоа, првата е јавно и јасно да ги демантираат британските медиуми а втората е да ја потпишат нашата предлог Резолуција, порача во гостување во Дневникот на Сител, претседателот на СДСМ Венко Филипче.

Филипче додаде дека профилот на лица кои би требало да бидат депортирани од Британија во Македонија е сериозно сомнителен и дека може да донесе безбедносна закана во државата.

„Се работи за луѓе за коишто Велика Британија ќе утврди дека не можат да останат кај неа, а не може да се вратат ниту во земјите од коишто доаѓаат, а притоа се осомничени или осудени за најтешките форми на прекршоци, силување, трговија со наркотици. Тоа е засилувањето и заострувањето на европската политика во однос на миграцијата и олеснување на депортацијата. Со такви луѓе ние треба да си имаме работа ако дојдат тука кај нас. Сериозно е загрозена безбедноста на нашата земја, тоа е едно од суштинските прашања. Понатаму Луѓето кои би биле испратени кај нас, според информациите, немаат право повторно да влезат во ЕУ. Тоа значи дека оваа влада нема намера да нè води кон Европа, туку да нè претвори во црна точка – земја во која ќе останат мигранти што Европа не ги сака, нагласи Филипче.

Можеби ќе ве интересира

ПЕТ ПРОДОЛЖЕНИ ВИКЕНДИ ВО 2027 ГОДИНА – Еве кога ќе одмораат граѓаните и кои празници паѓаат во сабота

ДЕСК

ОКОЛУ 40.000 ЛУЃЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИМААТ ДИЈАБЕТЕС БЕЗ ДА ЗНААТ – Алармантни податоци за Светскиот ден на дијабетесот

ДЕСК

СДСМ: Криминалната власт ги донесе криминалните измени на Законот за јавните набавки – за повеќе пари за дилови во четири очи

ДЕСК