Centar.mk
БИЗНИС

(Видео) Дубаи постави нов рекорд: Пентхаус продаден за 127 милиони евра

Дубаи постави нов рекорд на пазарот на недвижности со продажба на најскапиот пентхаус на Блискиот Исток, вреден 550 милиони дирхами (околу 127 милиони евра). Луксузниот пентхаус се наоѓа во комплексот Bugatti Residences во деловната зона Business Bay, објави Анадолу.

Со оваа трансакција е постигната и највисока цена по квадратен метар досега во тој дел од градот – околу 27.000 евра по квадрат, што дополнително ја зацврстува позицијата на Дубаи како глобален центар за ултралуксузни недвижности.

Пентхаусот се простира на 4.385 квадратни метри и е дел од првиот станбен комплекс во светот под брендот Bugatti. Проектот веќе привлече и познати личности, меѓу кои Нејмар, Андреа Бочели и Ајмерик Лапорт.

Компанијата Binghatti, инвеститор на проектот, соопшти дека оваа продажба ја потврдува водечката улога на Дубаи на светскиот пазар на луксузни недвижности и интересот на глобалната елита за ексклузивни резиденции во градот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Потврда за квалитет и доверба: „Реплек“ по петти пат сертифициран со EU GMP сертификатот

ДЕСК

ТИТАН Усје: Неоснованите напади само кон една компанија се неразбирливи – фабриката не работи, а загадувањето е високо

ДЕСК

АЕК објави: Оне Македонија победник на националниот тендер за 5G спектар

ДЕСК