Centar.mk
фото илустрација/АИ
МАКЕДОНИЈА

Сообраќајка кај „Л’гот“: повредени возач и сопатник

На 29.11.2025 година во 13:20 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека на регионалниот пат од Богданци кон Гевгелија, на место викано „Л’гот“, патничко возило „пежо 206“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 19-годишен жител на Гевгелија, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а повреди добил и неговиот 20-годишен сопатник од Гевгелија. Двајцата биле згрижени во Општата болница во Гевгелија.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гевгелија.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Синоптичарите излегоа со четиридневна прогноза

ДЕСК

Трагедија во Скопје: Малолетно дете и жена паднаа од балкон од станбена зграда во Тафталиџе

ДЕСК

Над 19.000 сообраќајни прекршоци во февруари регистрирани преку „Безбеден град“

C +