На 24.11.2025 во 18:40 часот во Сектор за внатрешни работи Охрид било пријавено дека на улица „Питу Гули“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 42-годишен жител на Охрид, и мотоцикл управуван од 55-годишен жител на Охрид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а повредите биле констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид. Увид извршила увидна екипа на Сектор за внатрешни работи Охрид.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


