Во објект за приредување игри на среќа на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје биле одземени пари од дневниот промет со употреба на физичка сила.
Настанот бил пријавен во СВР Скопје на 21.11.2025 во 14:00 часот. Според пријавата, кражбата се случила на 19.11.2025, кога сторителот со употреба на сила одзел пари од објектот. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.


