Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Штип: Физички напад врз жена, па пресметка меѓу двајца мажи

Во Штип биле приведени две лица по физички напад врз жена и последователна меѓусебна пресметка во дом, при што била оштетена и покуќнината.

Настанот се случил на 21.11.2025 околу 13:40 часот, кога полициски службеници од СВР Штип ги привеле двајца мажи на возраст од 35 и 33 години. Според пријавата, 29-годишна жена од Штип била физички нападната, по што дошло до пресметка помеѓу двајцата мажи, при што биле користени разни предмети и била оштетена покуќнина. По документирањето на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО УКРАЛ ТРОТИНЕТ, ПА САМИОТ ПОВИКАЛ ПОЛИЦИЈА – 18-годишник пријавил дека бил нападнат по кражбата

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО АЕРОДРОМ – Малолетник нападнат со тврд предмет од соученик, мајката пријавила во полиција

ДЕСК

НАПАД КОН ПОЗНАТ БИЗНИСМЕН И ЗАКАНИ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД ВО СКОПЈЕ – 61-годишен маж нападнал друг маж и ѝ се заканувал на неговата адвокатка

ДЕСК