Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

СИЛЕН ДОЖД И НЕВРЕМЕ: Метеоцентар со детали кога да очекуваме стабилизација

Утре времето ќе биде претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Локални врнежи ќе има и во вторник во претпладневните часови .

Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

Прогноза за 11.11.2025
Минимална температура: 5°C до 11°C
Максимална температура: 12°C до 18°C

Променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 12.11.2025
Минимална температура: 1°C до 8°C
Максимална температура: 12°C до 19°C

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 13.11.2025
Минимална температура: -1°C до 6°C
Максимална температура: 13°C до 19°C

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО, ДОАЃА ДОЖД И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Мицкоски: Немаат кредибилитет од СДСМ да зборуваат за минимална плата, кога тие беа власт станаа познати по корупцијата и криминалот

ДЕСК

Мицкоски: Минатата година ја завршивме во првите 5 во Европа по процентот на растот на БДП, во време на СДСМ бевме последни

ДЕСК