28. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Денес дожд и температура од 13 до 21 степен

Времето во текот на денот се очекува да биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни, проследени со ретки грмежи.

Според синоптичарите, ќе дува слаб со умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 13 до 21 степен Целзиусов.

Во Скопје, се очекува претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Според најавите, ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 19 степени Целзиусови.

Локални врнежи од дожд се најавени и за утре, а потоа во следните два дена да биде претежно стабилно.

Од четврток се очекува нов влажен и постуден бран со пообилни врнежи од дожд и со значително опаѓање на температурата. /Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Маж осомничен за изнуда на пари од жена, поведена истрага

C +

Агенција за храна и ветеринарство: Можно труење со храна во Штип, времено затворена сендвичарница

C +

Најмногу дожд во изминатото деноноќие во Тетово, Претор и Куманово

C +