Centar.mk
photo created by AI
МАКЕДОНИЈА

Маж осомничен за изнуда на пари од жена, поведена истрага

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека во последните 2 месеца вршело кривично дело – Изнуда од член 258 став 1 од Кривичниот законик.

„Осомничениот, телефонски и преку пораки на различни апликации упорно контактирал жена во странство, и упатувал сериозни закани по нејзиниот и по животот на нејзините мајка и брат, доколку не му исплати 15.000 евра.

За среќа и радост во вашиот дом, заследете го следниот канал на YouTube со клик тука!

▶ ЗАСЛЕДЕТЕ ГО TAMNI TALAS

Уживајте во музика исполнета со емоции, љубов и убави моменти.

На оштетената и дал рок до 26.09 за исплата на парите, па се договориле да му испрати 500 евра по Вестерн унион, што таа го направила на 17 септември. За исплата на дополнителни 4.500 евра требало да дојде во земјава и да му ги предаде пред Клиниката за онкологија.

Кога пристигнала во земјава на 25 септември оштетената веднаш го пријавила. Штом дошол на договореното место да ги земе парите, осомничениот 37-годишник бил приведен.

Имајќи ги предвид сите околности, опасноста од бегство, можноста да влијае врз сведоците и оштетените или да го повтори делото, јавниот обвинител предложи на осомничениот да му биде определена мерка притвор.“ – соопшти Обвинителството.

Можеби ќе ве интересира

НЕ ГИ ПОЧИТУВАЛ СУДСКИТЕ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА НА СОПРУГАТА – Приведен 56-годишник во Кичево

ДЕСК

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО ОХРИД – Приведен 26-годишник со бела прашкаста материја

ДЕСК

ГИ НАПАДНАЛ МАЛОЛЕТНИТЕ ДЕЦА И ЧЛЕНОВИ НА СЕМЕЈСТВОТО – Приведен 40-годишник во Кочани

ДЕСК