Centar.mk
СВЕТ

Израелските воздухопловни сили нападнале околу 140 цели во Појасот Газа

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека изминатиот ден израелските воздухопловни сили нападнале околу 140 цели во Појасот Газа, вклучувајќи згради што ги користат терористичките групи.

Нападите се случуваат во време кога копнените трупи од три дивизии на ИДФ продолжуваат да напредуваат во градот Газа, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Армијата соопшти дека трупите на Голанската бригада на ИДФ во еден инцидент во Газа забележале ќелија од пет борци на палестинското милитантно движење Хамас, кои испукале ракета RPG кон зградата каде што биле стационирани израелските сили, и дека тие возвратиле на нападот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ТРАГЕДИЈА ВО ПОЛСКА – 19-годишна девојка загина, нејзиниот брат осомничен дека возел под дејство на алкохол

ДЕСК

АМЕРИКАНСКИТЕ ВОЈНИЦИ ВО ЕВРОПА ПОД ПРАШАЊЕ – НАТО и Пентагон разговараат за можно прераспоредување

ДЕСК

ТРАГЕДИЈА ВО ОДЕСА – Четворица загинати во руски напад, нови информации за жртвите

ДЕСК