Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Агенција за храна и ветеринарство: Можно труење со храна во Штип, времено затворена сендвичарница

-По добиена пријава од Центарот за јавно здравје Штип, за можно труење со храна во сендвичарница – киоск, инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), вчера спроведоа вонреден инспекциски надзор кај операторот со храна. Според првичните информации, 5 лица појавиле симптоми на труење со храна откако јаделе сендвичи со пилешки стек, соопшти Агенција за храна и ветеринарство.

-Земенени се примероци за лабораториско тестирање од инкриминираната храна и брисеви од работните површини, а сендвичарницата по наредба на инспекциските служби на АХВ е времено затворена се до добивање на резулатти од лабораториските испитувања, со кои ќе се потврди нејзината безбедност, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Министерството за здравство апелира: Проверете го вакциналниот статус – МРП вакцината е најсигурна заштита од мали сипаници

ДЕСК

Клековски: Од проценка кон национален план за квалитет со јасни одговорности, мерливи резултати и реални рокови

ДЕСК

Сали: Еднаквоста и довербата во институциите се суштински за европската иднина

ДЕСК