11. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Шукова: За Луна паркот има готово решение и тоа мора да се реализира

На граѓаните и на посетителите на Скопје им фалат содржини за забава, особено на децата, оние од 10 – 12 години и тоа мора се промени, порача во интервју за Рацин.мк Каја Шукова кандидатка на СДСМ за градоначалник на Скопје.

Таа вели дека за Луна паркот има обезбедено готово решение изготвено од реномирана италијанска компанија и дека истото треба да се реализира, додавајќи дека потребна е промена како на реквизитите така и на целиот концепт.

„Луна паркот е истиот кога и јас бев дете, а јас го паметам Луна Парк како едно од местата кое што ни беше за забава, и ако не секој викенд, барем два пати по месецот родителите на носеа во Луна Парк. Направено е идејно решение и многу жалосно што овие 4 години не се помести од мртва точка. И тука не зборуваме само за класичен Луна Парк, мислам секако треба да се променат реквизитите, но зборувам и за малку пошироко мултифункционално решение што ќе им понуди повеќе забава на нашите најмлади. Пред 4-5 години, фактички, тогаш, италијанска компанија направи такво решение. Тие се познати како некои кои што прават многу убави функционални детски паркови. Направено е идејното решение и мислам дека во тоа време и се обезбедени пари за да започне изградбата на паркот, меѓутоа со промената на градската власт и ова е еден од проектите кои што застана. Мислам дека треба да почнеме таму каде што застанавме. Луна Паркот мора да се направи. Сметам дека во моментот, во градот Скопје има многу малку содржини за најмладите. Кога зборам за најмладите, зборам за оние што се до 10-12 години, баш нашите најмали и мислам дека морам сериозно да поработиме и на тоа“ порача Шукова.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Упорно бараме декласификација на материјалите

C +

Филипче: После 10 дена пожар во Вардариште и неколку дена во Дрисла граѓаните практично се гушат

C +

Филипче: Жалам што вчера премиерот кажа дека нема намера да се интервенира во цените на производите

C +