20. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
ПРОМОМАКЕДОНИЈА

Власта ќе ги “реши” филијалите за брзи кредити?

„Работиме на нов закон за игри на среќа… следно е решението за брзите кредити. Не е случајно што до казината никнуваат вакви компании. Голем дел од граѓаните со финансиски проблеми — а дел потоа и заминуваат од Македонија — се корисници на вакви услуги“, изјави премиерот Христијан Мицкоски, најавувајќи „скоро“ законско решение за, како што рече, „здрава нација“.

Како проблем посочува дека токму ваквите објекти за брзи кредити никнуваат веднаш до казина.

Инаку голем број на граѓани се жалат дека “заглавиле” токму од брзите кредити, поради кои влегле во таков должнички вртлог што никако не може да излезат. И претходната власт се обидуваше да го реши овој горлив проблем за македонските граѓани, но досега опипливо решение немаше. Да потсетиме и на серијата скандали каде брзи кредити биле издавани на име на граѓани, кои воопшто немале појма за тоа. Леснотијата со која можеше да се земе брз кредит само со лична карта или преку онлајн апликација и масовното рекламирање по телевизиите и одредени портали си го направи своето, велат познавачите.

Можеби ќе ве интересира

Во Скопје и околината: Пронајдени две мртви лица, едниот на 39-годишна возраст другиот на 50 – наредена обдукција

ДЕСК

Утре, сончево и топло време со мала локална облачност

C +

ДОМ: Новиот нацрт-закон за Рударство е директна закана за здравјето на луѓето

C +