Centar.mk
ЛОКАЛНОвест

Герасимовски со водњанци: Реконструирани 20 улици во општината, приоритет се безбедноста и подобра инфраструктура во маалата

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во рамките на караванот „Се гледаме во маало“, се сретна со жителите на Водно. Средбата помина во конструктивна атмосфера, каде отворено беа споделени проблемите и предлозите за унапредување на маалото.

Жителите побараа поставување урбана опрема на повеќе локации, а изразија загриженост за безбедноста во сообраќајот, поради несовесните возачи. Побараа „лежечки полицајци“ и сообраќајни знаци за намалување на брзината, како и редовно кастрење на зеленилото што го попречува пешачкиот простор. Ја пофалија и работата на хигиеничарите кои , како што рекоа , се постојано на терен и посветено се грижат за чистотата.

Герасимовски посочи дека континуирано се работи на подобрување на патната инфраструктура во општината. Во делот на Долно Водно е завршена реконструкцијата на улицата „Елисие Поповски“, на потег долг 700 метри, за што се издвоени 13 милиони денари.

Претходно беше реконструирана и улицата „Антон Панов“.

„Инфраструктурата и поврзаноста на Центар ни се приоритет. Реконструиравме 20 улици низ целата општина, затоа што секое маало заслужува уреден јавен простор и безбедни улици,“ истакна градоначалникот Герасимовски.

Караванот продолжува денеска во Пајко Маало (кај Филхармонија), со почеток во 18:30 часот.

Можеби ќе ве интересира

Советникот Андреа Сиљаноски во Општина Македонски Брод хуманитарно го подели првиот советнички хонорар.

ДЕСК

Ѓорѓиевски: Скопје конечно добива Луна Парк!

ДЕСК

Ѓорѓиевски, денес оствари протоколарна и исклучително пријатна средба со делегација од Амбасадата на Јапонија, предводена од амбасадорката Н.Е. Сецуко Кавахара

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.