24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Георгиевски: Ова е влада повеќе просрпска дури и од онаа на Колишевски

„Ако ја анализирам македонската политика три години пред распадот на Југославија до денес, можам да кажам дека денес не само ВМРО туку имаме најпросрпска Влада што постои во Македонија, дури можам да ви кажам повеќе и од времето на Лазар Колишевски“ рече поранешниот премиер Љубчо Георгиевски во емисијата „Трилинг“.

Тој додаде дека денес има отворено просрпска партија што не била забележана ни кај левичарите, ни кај десничарите од 45та.

„Мене ми е жал што тоа се случува со партијата која сум ја формирал, мене ми е жал што партијата која го носи името ВМРО прави ваква диверзија и цинизам на историјата, меѓутоа очигледно тоа ни се случува во моментот“ рече Георгиевски.