12. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Георгиевски: Кочо Рацин своите песни за тешкиот живот на Македонците ги пишувал во кралска Југославија

„Забораваме дека Кочо Рацин своите песни за тешкиот живот на Македонците ги пишувал во кралска Југославија“ рече поранешниот премиер Љубчо Георгиевски во емисијата „Трилинг“.

Тој додаде дека ако се анализира македонската политика три години пред распадот на Југославија до денес, ова е најпросрпска Влада што постои во Македонија, дури и повеќе од времето на Лазар Колишевски.

„Значи, ако денес сакате да ви кажам, јас сметам дека денес ние имаме една отворена просрпска партија која што ни кај комунистите еве да речеме кај левичарите, ни кај десничарите од 45-та година толку изразено не ги паметиме. Мене ми е жал што тоа се случува со партијата која сум ја формирал, мене ми е жал што партијата која го носи името ВМРО прави ваква диверзија и цинизам на историјата, меѓутоа очигледно тоа ни се случува во моментот“ рече Георгиевски.