Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво ќе биде времето?

Променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Од пладневните часови, претежно во западните делови ќе има локална појава на повремен пороен дожд и услови за ретки грмежи.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 28 степени.

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за слаб краткотраен дожд.

T= 26 °C, P= 981 hPa, U= 40 %, V= 3 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)

МАКЕДОНИЈА

Пронајден хероин, приведени две лица од Куманово

M T

На 23.05.2022 во 15.00 часот во Куманово од полициски службеници од Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово се лишени од слобода М.А.(42) и Д.Ц.(38), двајцата од Куманово, кои биле во патничко моторно возило “рено”, управувано од М.А., затоа што во возилото и кај Д.Ц. пронајден е хероин.

Лицата се задржани во СВР Куманово и известен е јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

error: Соддржината е заштитена.