23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Главчев по средбата со Мицкоски: Обврските за Северна Македонија остануваат да се исполнат

„Треба да се исполнат и обврските што се преземени. Тука не говорам само за Северна Македонија, туку и за сите земји од Западниот Балкан. Гледате дека не ги делиме.

Нашата позиција е и европска позиција дека сите држави кандидати за членство во ЕУ треба да ги исполнат барањата што им се поставени“, рече бугарскиот премиер од Вашингтон кој изјави дека имал средба со премиерот Мицкоски.

Тој посочи дека и двајцата се на исто мислење оти треба да се намалат тензиите и да се нормализираат билатералните односи меѓу двете држави.