Утрово околу 10:45 часот избувна пожар на покривот на зградата во која е сместено данското Министерство за финансии во Копенхаген. Во зградата бил и министерот кој бил на состанокот кога се огласил алармот.
Густ црн чад се издига од зграда во центарот на Копенхаген, опишуваат медиумите.
Полицијата соопшти дека зградата зафатена од пожарот, како и другите згради во близина се евакуирани.
Нема извештаи за повредени.
Зградата се наоѓа на приближно десет минути пешачење од старата берза во Копенхаген, која изгоре во пожар во април, потсетуваат локалните медиуми.
Полицијата од Копенхаген во 11:35 на „Икс“ соопшти дека најновата информација од Генералштабот е дека пожарот е ставен под контрола и преостанатите жаришта се гаснат.
Полицијата се’ уште е на местото на настанот, а областа ќе биде блокирана извесно време./Извор:Makfax