Centar.mk
СВЕТ

Речиси 1.900 камиони со хуманитарна помош пристигнаа во Газа

Израелската воена агенција која ја координира хуманитарната помош денеска соопшти дека во текот на изминатата недела, од палестинската страна на премините Керем Шалом и Зиким се собрани и дистрибуирани речиси 1.900 камиони со хуманитарна помош.

Како што се наведува, повеќе од 1.310 камиони што влегоа во Газа во текот на неделата превезуваа главно прехранбени производи, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Агенцијата, која работи во рамките на израелското Министерство за одбрана, наведува дека ќе продолжи да го олеснува доставувањето на хуманитарна помош до цивилното население во Газа, „но не и до Хамас“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

НОВА ВОЕНА ЕСКАЛАЦИЈА ВО ГАЗА – Израелски тенкови навлегле во подрачје надвор од линијата на контрола

ДЕСК

АМЕРИКАНСКИ СУД ЈА ПРОДОЛЖИ ЗАБРАНАТА ЗА СПОМЕНИКОТ НА ТРАМП – Изградбата останува блокирана до 3 декември

ДЕСК

ТРАМП СО НОВА ПОРАКА ПРЕД СРЕДБАТА СО ПУТИН – Се најавуваат и одделни разговори за војната во Украина

ДЕСК