Centar.mk
Фото Прес служба на Министерството за Внатрешни Работи
МАКЕДОНИЈА

Драма на Охридското Езеро: Се запали и потона глисер (ФОТО)

Денеска (10.08.2025) во 11:22 часот, во СВР Охрид и езерската полиција, пријавено е дека во пловен објект глисер, укотвен во водите на Охридското Езеро, на плажите помеѓу населбата и автокампот Елешец на околу 30 метри од брегот, настанал пожар.

Повредени лица нема, а во гасењето на пожарот интервенирала Територијалната противпожарна единица Охрид и езерската полиција.

Од преземените мерки, констатирано е дека, глисерот бил регистриран и бил во сопственост на лице(64) од Тетово. Поради предизвикани оштетувања на коритото, глисерот потонал на длабочина од околу три метри, а од пожарот, оштетени се и два други соседни глисери.

Фото Прес служба на Министерството за Внатрешни Работи

Можеби ќе ве интересира

Се враќаат високите температури: Како топлината влијае врз срцето, притисокот и уморот?

ДЕСК

Лишени од слобода двајца криумчари на мигранти од Косово, поднесена им е кривична пријава и определена мерка притвор од 30 дена

ДЕСК

ВМРО-ДПМНЕ им го честита Курбан Бајрам на сите припадници на исламската заедница, нека празникот донесе мир, спокојство и хармонија

ДЕСК