Centar.mk
фото Centar.mk
БИЗНИС

Пензионерите од следниот месец ќе се “офајдат” со 1.000 денари покачување

Пензиите ќе се зголемат за 1.000 денари од следниот месец.

Од следниот месец сите пензионери во Македонија ќе добијат повисоки пензии за 1.000 денари.

Ова зголемување ќе важи за сите категории пензии и ќе биде линеарно, што практично значи за сите пензионери ќе има исто покачување.

Економистите оценуваат дека покачувањето од 1.000 денари, иако е позитивно, нема целосно да ги покрие зголемените трошоци за храна, енергенси и лекови, поради огромната инфлација и намалување на вредноста на парите.

Исплатата на зголемените пензии ќе започне со септемвриската исплата, а средствата се обезбедени од државниот буџет.

Можеби ќе ве интересира

Што ги движи иновативните компании? Реплек и Економскиот факултет отворија дебата за иднината на бизнисот

C +

Охрид домаќин на 10. Регионален симпозиум на лаборатории за нафта и нафтени деривати – ОКТА ја потврдува својата улога на регионален енергетски партнер

C +

Global Engineer Girls North Macedonia дел од средбата на девојки-инженери од осум држави

C +