23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Забрчанец: До локалните избори не очекувам големи промени кај опозицијата, треба да се работи на создавање сојуз на демократските и прогресивните сили

Мислам дека времето до локалните избори е прекратко за големи промени, за радикални реструктурирања и заздравувања и во СДСМ и генерално во демократскиот блок, оцени досегашниот национален координатор во Владата, Марјан Забрчанец во интервју за Слободен Печат.

„Погледот треба да биде за две до три години од денес. Се разбира дека сериозна пресвртна точка можат да бидат локалните избори, но меѓутоа јавноста не треба да очекува големи радикални промени до локални избори. До локални избори има нешто повеќе од една година, а СДСМ допрва треба да избере свое ново раководство“ посочи тој.

Забрчанец смета дека кој и да биде иден лидер на СДСМ, тој треба да работи на создавање сојуз на демократските и прогресивните сили во државата.

„За тоа е потребно е време, тоа време до локалните избори не е доволно и кој и да биде избран за лидер таму, ќе има тешка задача и ќе мора да покаже отвореност, како што претходно било покажувано со цел да стигнеме до моментот на почеток на едно ново обединување“ заклучи Забрчанец.