Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Расчистен случајот со закани кон судија од Уставен суд, поднесена кривична пријава

Министерството за внатрешни работи целосно го расчисти случајот пријавен до Секторот за компјутерски криминал на 24.06.2024 од страна на претседателот на Уставниот суд Д.К., кој пријави закани по животот и безбедноста на судија на Уставен суд упатени од С.И. преку социјална мрежа, извести МВР.

Веднаш по добиената пријава, МВР презеде соодветни мерки и беше извршен службен разговор со С.И. во СВР Тетово.

Денеска (26.06.2024) Секторот за компјутерски криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против С.И. (69) за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ чл.144 ст.5 предвиденo и казнивo според Кривичниот законик.

Пријавениот С.И. на својот фејсбук профил упатил сериозни закани и повици за насилство кон судија на Уставниот суд, извести МВР.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +