22. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Неколку земјотреси го погодија Крит, најсилниот со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала

Неколку земјотреси, од кои најсилниот беше со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, утрово за краток временски период го погодија грчкиот остров Крит, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Првиот земјотрес е регистриран во 04:51 часот по локално време и бил со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала, по што следеле земјотреси со јачина од 3,6 и 3,1 со разлика од три минути во 5:57 и 6 часот по локално време, според EMSC.

Во 6 часот и 17 минути се случи земјотрес со јачина од 4,1 степени, на 23 километри југо-југоисточно од Ираклион, на длабочина од 20 километри./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: На Трамп му објаснив дека руските приказни за заземање на Донбас се само празни зборови

C +

Лавров: Распоредувањето европски војници во Украина е неприфатливо

C +

Суд во САД дозволи депортација на 60.000 имигранти од Хондурас, Никарагва и од Непал

C +