22.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Еве колку изнесува просечната пензија во ЕУ

Жителите на нордиските земји можат да се пофалат со највисоките пензии, додека, очекувано, тие се најниски на Балканот.

Во 2021 година, просечните месечени бруто издатоци за старосна пензија во ЕУ варирале, од дури 2.575 евра во Луксембург до 226 евра во Бугарија. Според податоците преземени од Еуростат, просекот на Европската унија бил 1.224 евра.

Пензионерите во Луксембург (2.575 евра) и Данска (2.417 евра) имаат највисоки просечни старосни пензии во Европската унија. Просечната старосна пензија во Исланд е 2.762 евра, Швајцарија 2.138, Австрија 1.962, Ирска 1.906, Италија 1.561, Германија 1.440, Словенија 692, Полска 538 и Унгарија 398 евра.

Хрватска е на дното на рангирањето, односно на 28 место од 36 земји – со 580 евра, додека во Словенија е 785 евра. Бугарија и Албанија имаат најниски просечни старосни пензии.

Во БиХ висината на просечната пензија е околу 311 евра, што е речиси четири пати помалку од просекот на земјите од Европската унија.

Просечната пензија во Србија моментално е 45.739 динари или близу 392 евра. Во Црна Гора просечната пензија е 488 евра.

Во Македонија во 2024 година просечната пензија изнесува околу 350 евра (21.400 денари).