23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Филипче: Посветеноста и работата на членовите мора да се единсвено мерило за напреддување во партијата

Неврохирургот Венко Филипче, вчера се сретна со членови и активисти на СДСМ во Неготино. Тие со д-р Филипче споделија ставови за нивните очекувања од новото раководство на партијата, како и од пратениците на коалицијата предводена од СДСМ.

„Членовите бараат пред се поголемо присуство, комуникација и координација на новото раководство и пратениците со членовите. Ова бил и ќе биде мој начин на работа и практикување на политиката. Единство се постигнува само со почитување на мислењата на другите, со многу работа и трпеливо градење на доверба. Мора да ги вреднуваме нашите поддржувачи и овозможиме нивно активно учество во градењето на политиките. Нивната стручност и посветеност треба да се единствено мерило за напредување во партиските органи“ рече д-р Филипче.

На средбата, Филипче информираше дека во тек е отворањето на регионалните канцеларии.

„Како иден пратеник таму ќе имам редовни средби и тематски дискусии со граѓаните за креирање на политики. Нашето социјалдемократско семејство подразбира соработка и обединување на мноштво поединци и групи кои веруваат во идеалите на социјалдемократијата, слободата, правдата и еднаквоста“ рече д-р Филипче.