24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ѓузелов: Давкова го фати курсот што отвора стари рани во македонското општество

Политикологот Борјан Ѓузелов во интервју за Слободен печат зборуваше за заклетвата на новиот претседател на државата, Гордана Сиљановска Давкова и неупотребата на уставното име на државата.

„Пред да ја даде заклетвата имаше дилеми кој курс ќе го фати Сиљановска Давкова и очигледно го фати курсот што отвора стари рани и не само за домашната употреба, сега се отвора и една друга пандорина кутија на внатрешна поларизација односно кој е за кој е против за користење или некористење на уставното име, кој е патриот а кој предавник и мене ме плаши да не се вратиме на тие поделби“ вели тој.

Ѓузелов рече дека иако пораките на ВМРО-ДПМНЕ и на Давкова во кампањата звучеле сплотувачки, сепак уште на почетокот на мандатот од таа партија излегуваат некакви тоскични елементи,

„Иако пораките и на Христијан Мицкоски и на Давкова пред изборите беа прилично сплотувачки, дека ВМРО-ДПМНЕ ја научило лекцијата од претходно, дека нема да пушта такви токсични елементи во јавноста како што беа случаите во времето на Груевски, сега се става знак прашање и на тоа. Барем Сиљановска да не кажеше никогаш нема да изговорам Северна тоа е екстремен став и зошто тогаш сте кандидат да бидете носител на јавна функција на државата со тоа име“ порача Ѓузелов.