Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Ѓузелов: Основен предуслов за продолжување на евроинтеграциите е почитување на Договорот од Преспа

Политикологот и граѓански активист, Борјан Ѓузелов во интервју за Слободен печат порача невозможно е ВМРО-ДПМНЕ да го поништи Договорот од Преспа, затоа што тој е клучен за продолжување на евроинтеграциите на државата.

„Основен услов за евроинтеграциите се почитувањето на договорите, вклучително и Преспанскиот, така што не гледам простор и можност за такво екстремно сценарио, ниту пак мислам дека тоа е вистински посакувано, дури и од најрадикалните струи во ВМРО-ДПМНЕ“ порача Ѓузелов.

Според него, евроинтеграциите се уште имаат силна мнозинска поддршка во македонското општество, иако голем дел од граѓаните се разочарани од одлуките на ЕУ во однос на нејзиното проширување.

„Македонија е мултиетничка држава, албанскиот електират е изразено прозападен, исто така и кај Македонците има мнозинска поддршка за евроинтеграциите“ смета Ѓузелов.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВАРАЛ СО НОСИТЕЛОТ НА СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА – Честитка за изборната победа во Србија

ДЕСК

СЕДУМ ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ – Дел возеле без дозвола, други под дејство на алкохол

ДЕСК

УТРЕ ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО СКОПЈЕ – МВР најави ограничувања поради официјална посета

ДЕСК