25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Гоце Делчев не бил предмет на политички разговори никогаш

„Ние не сме преговарале за Гоце Делчев никогаш, ниту планираме да преговараме. Тоа е една од многуте теми кои се разговараат во историската комисија. Гоце Делчев не бил предмет на политички разговори никогаш. Прв круг е прв круг. Втор круг очекуваме подобри резултати па потоа да даваме оценки околу изборите и резултатите. Сега има и повеќе листи, повеќе партии,“ посочи секретатот за меѓународна соработка на СДСМ и кандидат за пратеник во ИЕ 1, Бојан Маричиќ во изјава за медиумите.
За тоа колку пратеници очекува СДСМ да освои, Маричиќ посочи дека граѓаните ќе кажат колку пратеници, а тие ќе се борат за секој глас.
„Нам ни е битно да покажеме единство, заедништво и на секој наш член, симпатизер и поддржувач да му пристапиме и тоа го правиме секој ден и ќе се бориме,“ порача Маричиќ.