19. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Спасовски: Од „заробена држава“, апсења на новинари и затворање на медиуми, денес сме прва земја во регионот за најголема слобода на медиумите

„Од заробена држава во времето на 11-годишниот режим на ВМРО-ДПМНЕ, во која се апсеа новинари, а бројни медиуми се затворија затоа што не играа како што свиреше фамилијата, минатата година во извештајот на Репортери без граници бевме рангирани на 38-то место во светот, со скок од 80 места во однос на 2016 година и прва во регионот за слободата на медиумите. МВР, од крајно затворена институција го трансформиравме во институција со транспарентност од просечни 59.5% во 2016, до високи 87.5% во 2023,“пишува на во објава на ФБ, Оливер Спасовски.

Тој најавува и силна борба со корупцијата во правосудството, во наредните четири години, низ системска проверка на потеклото на имотот и конечно спроведување на процесот на „ветинг“ за сите судии и јавни обвинители.

„Само две недели нѐ делат од големата одлука. Од изборот меѓу надеж и безнадежност, меѓу просперитет и зачмаеност во минатото, меѓу интеграција и целосна изолација. Затоа овие парламентарни избори се исклучително важни. Затоа и ги повикувам граѓаните со посебна одговорност да ја определат иднината на нашата татковина,“ порачува Спасовски.

На крајот порачува дека затоа нема откажување од иднината!

Можеби ќе ве интересира

Тешка сообрќаајка близу Струга – повеќе лица се повредени и пренесени во клиниките во Охрид и Скопје

ДЕСК

Апсење на Блато – го барале преку Интерпол, полицијата му стави лисици на рацете

ДЕСК

Регистрирани настани во текот на предизборниот молк

ДЕСК