14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Спасовски: Доказ за посветената работа во борбата со корупцијата е скокот од 85 на 76 место на Индексот на перцепција на корупцијата на Transparency International

Оливер Спасовски, на својот ФБ профил објавува дека борбата против корупцијата и нула толеранција кон истата, продолжува и понатаму.
„Борбата ја започнавме. И тоа од нашите редови! СДСМ го покажа она што не можеше ни да се замисли во време на режимот – дека нема повластени личности, нема заштитени криминалци, нема недопирливи фамилии,“ стои во објавата на ФБ.

Според Спасовски, секој што се огрешил мора да одговара. Притоа дополнува дека корупцијата не е поголема од претходно, туку напротив, поголема е перцепцијата за неа, бидејќи пожестока е борбата против неа.

„Доказ за посветената работа во борбата со корупцијата е скокот од 85 на 76 место на Индексот на перцепција на корупцијата на Transparency International,“ посочува Спасовски.

Спасовски нагласува дека од заробена држава во времето на 11-годишниот режим на ВМРО-ДПМНЕ, во која се апсеа новинари, се затвораа медиуми, минатата година во извештајот на Репортери без граници Македонија е рангирана на 38-то место во светот, со скок од 80 места во однос на 2016 година и прва во регионот за слободата на медиумите

Спонзорирано: