Centar.mk
фото илустрација/АИ
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообрaќајка близу Струга – повеќе лица се повредени и пренесени во клиниките во Охрид и Скопје

На 18.10.2025 околу 16:10 часот во ОВР Струга е пријавено дека на локалниот пат за с.Подгорци, струшко, на место викано „Орешки“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен берлинго“ со струшки регистарски ознаки, управувано од лице(45) од с.Подгорци, струшко и патничко возило „цитрен саксо“ со струшки регистарски ознаки, управувано од лице(41) од с.Подгорци, струшко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „цитроен саксо“, и неговите двајца сопатници, како и сопатникот од патничкото возило „цитроен берлинго“, сите од с.Подгорци, додека со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Струга, Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид и Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Струга.

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК