Centar.mk
photo created by AI
МАКЕДОНИЈА

Лишен од слобода возач од Крива Паланка, управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода

На 18.10.2025 во 16:24 часот во село Гиновце, општина Ранковце, полициски службеници од ОВР Крива Паланка лишија од слобода лице(30) од Крива Паланка. Претходно, тој со возило „форд“ со кривопаланечки регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во бетонски столб пред угостителски објект во селото. При преземање мерки во врска со незгодата, полициските службеници констатирале дека мажот е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,93 промили алкохол.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК