-Ова се избори помеѓу надежта со СДСМ и безнадежноста со ДПМНЕ. Избори помеѓу светла иднина и враќање во мрачното минато! – велат од СДСМ.
„Гласот за СДСМ и за Стево Пендаровски е глас за европската иднина на државата, глас за членство во ЕУ, за слобода, демократија, европски животен стандард.
Пендаровски е прогресивен политичар. Во досегашниот мандат покажа што значи да се биде вистински претседател за сите граѓани. Нема скандали, нема афери ниту случаи на било каква злоупотреба на позицијата.
Тој ги дели европските вредности на СДСМ и ќе ѝ пружи значителна поддршка на новата влада на патот кон Европската Унија.
Граѓаните добро знаат дека со нашиот претседател Пендаровски и со СДСМ нема откажување, нема враќање назад, дека ја имаме најдобрата опција за иднината на државата.
Опција кој носи надеж, опција во која граѓаните имаат поголеми плати и пензии, подобар и подостоинствен живот за сите. Опција која сигурно, силно и одлучно гази на патот кон Европската Унија.“ – се вели во соопштението.