Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Рамазан Бајрам е празник на меѓусебна почит и разбирање, да продолжиме да градиме општество еднакво за сите

Претседтаелот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, упати честитка
до граѓаните од исламска вероисповед по повод големиот верски празник Рамазан Бајрам.

“На сите припадници на исламската вероисповед во нашата земја, им го честитам големиот празник Рамазан Бајрам.

Во овие празнични денови, ви посакувам искрени желби за радост, спокој, благосостојба и духовна сила.

Рамазан Бајрам е празник на меѓусебна почит, солидарност и разбирање.Токму врз овие вредности, ние заедно го градиме нашето општество кое е еднакво за сите и токму со оваа наша посебност ја интегрираме државата во големото европско семејство на народи и држави”, стои во честитката на претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

ДЕСК

Родителите работат, децата ги расте телефонот: Дали го губиме семејството?

ДЕСК

НЕВРЕМЕ И ТЕМНИ ОБЛАЦИ НАД МАКЕДОНИЈА ВО НАЈАВА: Детална четиридневна прогноза

ДЕСК