Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Маричиќ: Возможно е до 2028 година да ги завршиме преговорите со ЕУ, ако ВМРО-ДПМНЕ прекине да ја блокира сопствената држава

„Еве на пример да ги отвориме половина или 80% од поглавјата до 2024. Нашиот план доколку не беше блокадата од ВМРО-ДПМНЕ така ќе беше и ќе се оствареше. Ние во 2022 требаше да ги решиме уставните измени најдоцна 2023година, и сега веќе знаете дека имаше можност уште во декември месец да се отвори целиот прв кластер доколку беа завршени тие обврски, а доколку го отворевме првиот кластер веќе немаше да има пречка бидејќи имаме извештај за вториот и за вториот кластер веднаш да биде отворен кој што веќе дава околу 20-тина поглавја. Одприлика тоа што е ветено таму, значи тоа не е нереално очекување, но она што не го предвидовме е активната блокада на сопствената држава од ВМРО-ДПМНЕ и ние истото го кажуваме сега дека е возможно до 2028 да ги завршиме преговорите ако ВМРО-ДПМНЕ прекине да ја блокира сопствената држава,“ посочи првиот вицепремиер и секретар за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ во Топ Тема на ТВ Телма, во врска со прашањето што е направено до сег аи што можеше да бид езавршено досега во деот со евроинтеграцијата на земјава.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода лихвари од Кавадарци, земале над 700.000 денари за долг од 80.000 денари

ДЕСК

„Влен“: Почна вистинското чистење на Скопје од ѓубрето и старата политика

C +

Левица: Случајот Стоилев ја откри корупцијата во земјоделството преку ИПАРД програмите

ДЕСК