16.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Проевропските партии ќе ја формираат новата влада, а СДСМ ќе биде столб на таа влада

„Проевропските партии ќе ја формираат новата влада, а СДСМ ќе биде столб на таа влада, и после тоа мислам дека веќе никој нема да има аргумент зошто би ја кочел сопствената држава во наредните 4 години. Политиката на активна блокада пропадна со новиот деловник во Собранието, и време е да го обновиме консензусот за ЕУ и да се вгради и опозицијата во овој процес, затоа што и опозицијата има неминовен дел во него, а мнозинството од граѓаните сакаат во ЕУ, и тоа нас нѐ крепи, таа желба на повеќето граѓани да ја видат Македонија во ЕУ, рече првиот вицепремиер и секретар за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ во Топ Тема на ТВ Телма.

Тој посочи и дека нема откажување од европската иднина и затоа мора да се седне и некои работи да се договорат.

„Затоа што не е само за зборови, треба на дело да покажеме и конечно еве еден предлог. Ајде заедно сега да го донесеме Законот за рестриктивни мерки, да покажеме желба за борба против корупцијата, да го изгласаме и ние и ВМРО-ДПМНЕ и да покажеме дека има волја за зајакнување на процесот,“ рече Маричиќ.